Балканската мега ѕвезда, Светлана Цеца Ражнатовиќ ќе одржи спектакуларен концерт во сабота во Виена. Вистински спектакл ќе се организира во стаклената пирамида во јужниот дел на градот, а како што пишуваат медиумите, голем број гости решиле да се вакцинираат неколку дена пред концертот за да можат да присуствуваат на овој настан.
Од пред неколку дена во Австрија важи правилото дека лицата кои се вакцинирани со една доза или оние кои имаат ПЦР тест можат да престојуваат во затворени установи. Бидејќи правилата се строги и мора да се почитуваат, организаторот почна да апелира на своите социјални мрежи до сите посетители кои доаѓаат да ги исполнат овие правила. Од таа причина многу гости кои не биле вакцинирани решиле да се вакцинираат токму поради тоа да можат да присуствуваат на концертот на Цеца.
Засега има голем интерес. Во просторот можат да се сместат повеќе од четири илјади луѓе, но градот одобрил само 2.500 луѓе. Сите ќе треба да се вакцинираат и да направат негативен тест бидејќи тоа ќе бидат единствените услови за да можат да влезат на концертот – објаснува извор близок до организацијата на концертот.
Во вторникот добивме информација дека во Виена се вакцинирани над 20.000 лица поради новите правила кои стапија на сила. Од понеделник важи правилото дека за да можат луѓето да се движат мора да имаат една доза од вакцината и да направат ПЦР тест. Ова им дава можност на луѓето да можат без проблеми да присуствуваат на различни настани или да одат на концерти – изјави Руди, кој долги години организира концерти на музички ѕвезди.
Апелиравме преку нашите социјални мрежи да се вакцинираат лицата кои немале можност или не сакале до сега. Од понеделник важи дека со потврда на вакцината може без проблем да влезат на концертот. Информациите што ги добивме од терен покажуваат дека голем број луѓе се согласиле да се вакцинираат за да можат да влезат во концерт – објаснува Руди.
Од друга страна Цеца на ова, само на кратко изјави:
Со нетрпение го чекам концертот, тоа ми дава сила и енергија. Важно е да се исполнат сите услови околу пропишаните мерки, а на публиката и ветувам дека одлично ќе се забавуваме и ќе си поминеме уште поубаво, изјави таа.