Комисијата за заразни болести: Полициски час од 22 до 5 часот наутро

Комисијата за заразни болести предлага воведување полициски час од 22 до 5 часот наутро, соопшти Министерството за здравство.

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната седница на Кризниот штаб предложил повторно да се воведе полициски час поради зголемениот број на нови случаи на Ковид-19.

Google search engine

„Министерот образложи дека предлогот на Комисијата е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Анализите на Комисијата утврдиле дека поради непочитување на мерките, ќе има нови случаи на заразени, но и зголемен број на хоспитализирани. Oд таа причина Комисијата смета дека една ваква ригорозна мерка ќе има ефект“, соопшти Министерството, пренесува „Сакам да кажам“.

Предлогот на Комисијата ќе биде разгледан на утрешната владина седница.