Комичарот Кевин Харт заврши во инвалидска количка: „Мора да сум најглупавиот човек на светот“

Познатиот комичар и актер Кевин Харт вчера на својот Инстаграм профил објави видео во кое објаснува зошто завршил во инвалидска количка.

Според познатиот комичар, тој се здобил со сериозни повреди како резултат на тркање со неговиот пријател, поранешниот играч на „НФЛ“ Стивен Ридли.

Google search engine

„Дами и господа, 40-тите се вистинска возраст. За сите мажи и жени кои имаат 40 или повеќе години, тоа не е игра. Почитувајте ја таа возраст или таа возраст ќе ве натера да ја почитувате“, објасни Харт на почетокот на видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kevin Hart (@kevinhart4real)

Харт бил убеден дека е способен да се натпреварува на трката на нешто помалку од 40 метри и да биде побрз од својот помлад пријател, но на крајот завршил со повреди.

Комичарот решил да сподели дека е во инвалидска количка, за неговите обожаватели да не се грижат кога ќе го видат во јавност. Тој изјавил дека го повредил долниот дел од стомакот и внатрешниот дел на нозете и дека поради тоа не можел да оди.

„Зошто се тркам на оваа возраст? Што правам?“

Во коментарите добил пораки од своите колеги и пријатели Двејн Џонсон, Стив Харви, Вил Смит, Џејми Фокс кои му посакале побрзо опоравување, но му упатиле и по некоја шега за неговата ситуација.