Комерцијална банка има 5207 акционери, а еве кој е најголем

Структурата на акционерскиот капитал на Комерцијална банка АД Скопје на 31.12.2020 година се состои од 5207 акционери правни и физички лица од кои 97,23% се домашни и 2,77 се странски акционери, соопшти Банката во извештајот за 2020 година објавен на Македонската берза.

Адора Инженеринг дооел Скопје е акционер со квалификувано учество во Банката од над 5%.

Реклама

Адора Инженеринг располага со 12,85% од вкупниот број на акции или 2.279.067 акции заклучно со 31.12.2021 година.

Во 2020 година Адора Инженеринг го зголемила своето учество за 1,429%.

Собранието на акционери ќе се одржи на 29.03.2021 година.

Реклама