Колумбиската мафијашка група, Кланот дел Голфо, чиј водач е Отониел, за сојузник ја има балканската мафија, како една од петте главни врски.
Варгас објасни дека дрогата била товарана од Колумбија и Централна Америка во бродските контејнери, кои потоа биле префрлени во Холандија и Шпанија, а од таму по копно на Балканот.
Оваа криминална организација има пет главни сојузници за шверц на кокаин на различни географски области: во Мексико, тоа се картелите Халиско Нуева Генерација и Синалоа, во Европа се калабриската и сицилијанската мафија и мрежата за шверц на дрога на Балканот, објави црногорската радио и телевизија деловви од документите на колумбиските истражни органи кои на денешната прес-конференција ги прочита началникот на колумбиската полиција, генерал Хорхе Луис Варгас.
Водачот на Кланот дел Голфо, Дарио Усуга, познат како Отониел, беше фатен на 24 октомври во регионот на северозападот на земјата и наскоро треба да биде екстрадиран во САД.
Отонел важи за еден од најопасните светски шверцери на дрога, а Кланот дел голфо брои околу 3.500 луѓе, покажуваат официјалните податоци на колумбиската полиција.