Колку заработува од само една објава најпопуларниот тиктокер? Износот е „вртоглав“…

22-годишниот Сeнегалец, Каби Ламе, во јуни ја престигнал тинејџерката Чарли Д’Амелио и стана најследениот тиктокер.

На споменатата социјална мрежа веќе го следат 149,5 милиони луѓе, а за една своја објава заработува енормна сума на пари.

Google search engine

Менаџерот на Ламе, Алесандро Риџо, во интервју за „Fortune“ открил за колкава сума на пари станува збор.

Имено, од една своја објава Ламе може да заработи и до 750.000 долари што значи дека Сенегалецот е на пат да заработи до 10 милиони долари во текот на само една година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khaby Lame (@khaby00)

Оваа сума на пари одредена е со договор, а поголем дел од приходите на момчето доаѓаат од рекламирани брендови на неговиот профил. Меѓудругото, модната куќа „Hugo Boss“, чие заштитно лице е Ламе, му платила 450 илјади долари да настапува на нивната ревија на миланската модна недела и тоа да го сподели на неговиот профил.

„Fortune“ исто така наведува и дека едно холивудско студио му платило на момчето 750.000 долари за само една објава на ТикТок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khaby Lame (@khaby00)

Ламе, инаку почнал да снима на ТикТок откако ја изгубил работата во текот на пандемијата на коронавирусот. Неговите „неми“ видеозаписи, проследени со впечатливи изрази на лицето, исмејувале бројни ситуации и така станал хит меѓу корисниците.

Без оглед на тоа што не кажал ниту еден збор, Ламе успешно го пронашол заедничкиот јазик со своите следбеници, а тоа му отворило и бројни други врати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khaby Lame (@khaby00)

Запознал некои светски ѕвезди, како Снуп Дог, Идрис Елба, Џејсон Деруло, Меси и Златан Ибрахимовиќ, но и Новак Ѓоковиќ…