Колку пари Италија заработи со победата на ЕУРО 2020?

Титулата на ЕУРО 2020, Италија, ја наплати со 28.5 милиони евра. Толку пари од УЕФА ќе се слеат во касата на Фудбалскиот сојуз на Италија.

„Калчомеркато“, објави дека од оваа сума, секој фудбалер ќе добие по 250.000 евра.

Google search engine

Според овој извор, во случај на пораз во финалето, играчите ќе добиеле по 200.000 евра, а доколку не влезеа во финалето, предвидената награда била 150.000 евра за секого.

Интересен е и податокот дека од досегашните учества на континенталните првенства, во касата на Фудбалскиот сојуз на Италија се слеале околу 100 милиони евра, што е најмногу од сите европски селекции.

ПретходнаКој градоначалник лани најтранспарентно, а кој таинствено ги трошел парите на граѓаните?!
СледнаМоќен еликсир: Две состојки за побрз метаболизам и помалку килограми