Колку долго заразен со омикрон сојот е преносител на вирусот и кога е најзаразна, а една работа има голема улога…

FILE PHOTO: Vials labelled "VACCINE Coronavirus COVID-19" and a syringe are seen in front of displayed words "OMICRON SARS-COV-2" in this illustration taken December 11, 2021. REUTERS/Dado Ruvic

Омикрон, новиот сој на коронавирусот исклучително брзо се шири, иако симптомите се поблаги, сепак тоа не ја намалува неговата опасност.

Сега експертите дадоа одговор на прашањето колку долго личноста со омикрон сој е заразна и кога е најголемиот ризик на трансмисија.

Реклама

Експертите од американскиот Центар за контрола и превенција на болести откриле колку долго личноста заразена со оваа варијанта е заразна и кога е најголем ризикот да го пренесе вирусот.

„Потребно е помалку време кај некој изложен на Ковид-19 потенцијално да се појават симптомите. Трае пократко појавата на симптомите, а пократко е и времето колку што личноста е заразна и главно пократко е времето на закрепнување. Причина за тоа е и тоа што сега има доволно вакцини“, изјавила докторката Алисон Арворди, претставничка на Одделението за јавно здравје.

Кога станува збор за најголем ризик за пренесување на вирусот, тоа е еден до два дена пред појавата на симптомите, како и два до три дена по појава на симптомите.

„Податоците од Центарот за контрола и превенција на болести покажале дека по седум дена нема ризик од пренесување на вирусот. А, од петтиот до седмиот ден, знаете, многу зависи од тоа дали личноста е вакцинирана, дали има придружни болести и слично, но ризикот опаѓа, особено доколку носите заштитна маска“, додава докторката Арворди.

Кога станува збор за оние кои немаат никакви симптоми, а со текст е утврдено дека имаат Ковид-19, според податоците на CDC тие се сметаат заразни најмалку два дена пред позитивниот тест.

Кога станува збор за самото тестирање, советот е тој да се направи веднаш по појава на симптомите или најдоцна до пет дена од појава на симптомите. Во меѓувреме, секако треба да бидете во самоизолација, за да не го ширите вирусот.

Реклама