Колку чини храната во популарните летни дестинации во Грција, Црна Гора и Турција

Не сите туристи коишто си дозволиле летување во Грција, Црна Гора или во Турција можат да си дозволат појадок, ручек и вечера во ресторан, буквално секој ден додека се на одмор.

Па затоа, наместо луксузни хотели, голем дел од туристите одбираат да бидат сместени во апартмани, бидејќи на тој начин им е достапна кујната и можат да си ги готват намирниците што ќе си ги купат од маркетите.

Google search engine

Денар направи мало истражување и успеа да ви ги издвои цените на основните намирници во три популарни летни дестинации за нашинците – во Грција, Црна Гора и во Турција.

Грција

Цените во Грција можат да варираат од место до место, но во големите ланци маркети обично разликите во цената не се ни забележуваат.

Леб – од 1,1 до 1,9 евра

Млеко – 1 евро

Јогурт – 2,5 до 4 евра

Тестенини – 1 до 2 евра

Фета сирење – 7 до 11 евра

Домати – 1,5 до 2,5 евра

Краставица 0,5 до 0,8 евра

Компири – 1 до 2 евра

Пиперки – 2 до 3 евра

Тиквици – 0,8 до 1,3 евра

Јаболка – 0,9 до 2,2 евра

Праски – 1,8 до 2,5 евра

Лубеница – 1,2 до 2 евра

Риба – 5,5 до 15 евра

Мелено месо – 6,5 до 7,5 евра

Пакет вода – 1,1 до 2 евра

Грчко пиво – 0,8 до 2 евра

Црна Гора

Најголемиот дел од македонските туристи кои летуваат во Црна Гора пазарат храна во супермаркетите и изнајмуваат приватно сместување.

Леб – 0,9 евра

Млеко – 1,5 евра

Јогурт – 1,45 евра

Тестенини – 0,5 до 2 евра

Фета сирење – 2 до 10 евра

Домати – 2,30 до 3 евра

Краставици – 1,30 до 1,40 евра

Компири – 1,10 евра

Пиперки – 1,60 до 2,50 евра

Тиквици – 1,10 евра

Јаболка – 1,30 до 1,60 евра

Праски – 2,40 до 2,80 евра

Лубеница – 0.90 евра

Риба – 2.30 до 38 евра

Литар негазирана вода – 0.60 до 0.80 евра

Пиво – 1,15 евра

Турција

Кога се во прашање цените на основните намирници во Турција, тие драстично варираат од град до град, но се секако пониски во однос на претходните две дестинации.

Леб – 0,34 евра

Млеко – 0,88 евра

Домашно сирење – 5,50 евра

Домати – 0,77 евра

Компири – 0,55 евра

Зелена салата – 0,50 евра

Јаболка – 0,65 евра

Банани – 1 евро

Пилешко филе – 3,30 евра

Мелено месо – 9,5 евра

Флаширана вода – 0,25 евра

Турско пиво – 1,40 евра

Праски – 1,8 до 2,5 евра

Лубеница – 1,2 до 2 евра

Риба – 5,5 до 15 евра