Музичката група „Hurricane“ која годинава ја претставуваше Република Србија на Евровизија во Ротердам го освои 15-то место во финалето.
Без оглед на нивниот пласман, сепак девојките очигледно стекнаа светска слава.
Сања Вучиќ, Ивана Николиќ и Ксенија Кнежевиќ, со изгледот, но и со своите гласовни способности ги освоија симпатиите на публиката, па поради тоа ангажирани се до крајот на летото – кога станува збор за настапи и концерти.

Меѓутоа, како што тврдат извори упатени во нивната работа, цената на нивниот настап повеќе не е иста како претходно.
Како што пренесува српски „Mondo“, цената на настапите на девојките е речиси двојно поголема од претходно, односно за еден настап добиваат и до 8.000 евра.

„Сè зависи од тоа каде пеат, колкав е просторот во којшто пеат и колку би траел нивниот настап. Во поголем дел од дискотеките каде може да има и повеќе од 1.000 луѓе, цената ќе биде 8.000 евра за двочасовен концерт. Во странство тој износ сигурно ќе биде поголем, најмалку за две илјади евра, односно истиот ќе изнесува 10.000 евра“, објаснил изворот.

Досега, според зборовите на изворот, за еден двочасовен настап девојките добивале до пет илјади евра.
Популарните „Ураганки“ засега не се огласиле по овој повод.