Колку чини аутфитот на „човекот-бизон“?

Лицето кое, на некој начин, ги обележа немирите во Вашингтон за време на потврдата на изборните резултати, кои јасно кажуваат дека Доналд Трамп ги загуби изборите, секако беше „човекот-бизон“; со крзно и рогови на главата и лицето во боите на американското знаме, го означи упадот на приврзаниците на Трамп во Капитол Хил и немирите во кои загинаа најмалку пет лица.

„Човекот-бизон“ кој го водеше крвавиот протест и немирите во Вашингтон е всушност Џејк Анџели – уметник, пејач и актер, но исто така и ревносен поддржувач на теоријата на заговор QAnon, кој ги поддржува републиканците и американскиот претседател во заминување Доналд Трамп.

Реклама

Сега на Твитер се споделува смешна „инструкција“ како да се облечете како Анџели – каде да набавите мегафон, рогови, војнички бои, а според оваа пресметка, неговиот изглед би ве чинел околу 430 долари.

Да потсетиме, демонстрантите во Вашингтон упаднаа во зградата на Капитол, со намера да го спречат Џо Бајден да прогласи победа на изборите, поради што членовите на Конгресот мораа да бидат евакуирани.

Реклама