Колку би требало да трае попладневната „дремка“

Спиењето попладне може да ги зголеми концентрацијата и расположението. Меѓутоа „дремењето“ мора да биде кратко, од 10 до 20 минути, бидејќи малку подолга дремка може да предизвика контраефект – односно да се чувствувате преморено.

Предности на попладневната дремка:

Google search engine

Го подобрува учењето

Дремењето во текот на денот би можело да ги подобри способностите за учење. Не само што дремката го подобрува фокусот и помнењето, што може да ви помогне да научите и да ги задржите информациите, туку истражувањата исто така откриле дека способноста за учење на нови информации е подобрена веднаш по дремката.

Понизок крвен притисок

Новото истражување покажува дека попладневното спиење може значајно да го намали крвниот притисок. Резултатите од истражувањето претставени на годишното заседание на Американскиот кардиолошки колеџ во 2019-та покажуваат дека попладневниот сон е подеднакво ефикасен во намалувањето на крвниот притисок како и другите промени во начинот на живот, како што се намалена консумација на соли и алкохол. Истражувањето открило дека дремките во просек го намалуваат крвниот притисок за 5 mmHg.

Подобро расположение

Дремењето во текот на денот може да го подобри вашето расположение. Краткото спиење го крева нивото на енергија и ви помага да го надминете попладневниот пад на истата.

Несакани ефекти од спиење во текот на денот

Додека се покажало дека дремењето нуди бројни здравствени придобивки, може да предизвика и несакани ефекти. Дремењето кое надминува 20 минути може да ја зголеми инерцијата на сонот, поради што се чувствувате уморно и дезориентирано. Ова се случува кога се будите од длабок сон. Исто така предолго спиење попладне или предоцна во текот на денот може да го отежне добриот сон во текот на ноќта. Ова е уште полошо за луѓе со несоница кои веќе имаат проблеми со спиење навечер.

Колку долго треба да спиеме попладне?

Ограничувањето на спиењето на 10 до 20 минути може да направи да се чувствувате побудно и свежо. Повеќе од тоа, посебно подолго од 30 минути, веројатно за последица ќе има да се чувствувате забавено, изморено, дури и поизморено од пред да заспиете.

- АУДИО РЕКЛАМА -