Колку би нè чинело летувањето оваа година во Грција и Турција?

Во однос на 2019 година, летувањето би можело да биде за петтина поскапо.

Европските држави постепено ги укинуваат речиси сите епидемиолошки мерки спроведени како последица на коронавирусот.

Google search engine

Тоа буди надеж дека ова лето полесно и поопуштено ќе може да патуваме, но сепак очигледно дека цените на аранжманите би можеле да бидат поскапи за една петтина во однос на 2019 година.

Најголема разлика во туристичките цени на аранжманите има во Грција, една од омилените дестинации на туристите, пренесува „Телеграф“.

Поскапувањето на енергентите, по домино ефект, ги зголемило и цените на речиси сите производи, па дури и услуги. Така, во просек еден апартман во Грција поскапел за 15 отсто, додека пак хотелски за 20 отсто.

Турција минатото лето ги зголеми цените, па таму очигледно дека истите нема толку многу да се разликуваат од претходните години.

„Работната сила која доаѓа од Бугарија повеќе не е присутна, поскапени се цените од час и сето тоа автоматски ја зголемува и цената на апартманите. Што се однесува до хотелските сместувања, намален е бројот на соби кои се на располагање, а со самото тоа зголемена е цената на истите“, вели за „RTS“ човек од туристичка агенција во Србија.

Економистите не се изненадени со поскапувањето на туристичките услуги.

„Мислам дека факторот кој многумина го занемарија е високата инфлација во еврозоната“, вели економистот Горан Николиќ.

„Минатата година таа беше над 5 отсто, а сега имате таква инфлација што очекувано е да има раст на цените на услугите, особено во туризмот. Туристичкиот бизнис трпеше голема загуба во текот на 2020 година, во нешто помала мера во 2021 година, а оваа година ќе сакаат тоа да го надоместат и да се вратат во нормален режим на работење“.

 

ПретходнаМакедонец ќе вози со велосипед 2.500 км околу екс-Ју републиките во чест на починатата мајка
СледнаД-р Несторовиќ: „Во светот владее манија на земање суплементи, а сè што ви е потребно имате тука“