Колку астронаути имаат загинато во вселената?

Се разбира дека вселената е екстремно опасно место, но само неколку вселенски патници имаат загинато таму.

За многу надежни астронаути, патешествието низ големото пространство би ги исполнило нивните соништа. Но во последните 50 години, неколкуте трагедии поврзани со вселенски летови повеќе личат на астронаутовиот најлош кошмар.

Google search engine

Во последниот половина век околу 30 астронаути имаат загинато тренирајќи за или остварувајќи опасни вселенски мисии. Но речиси сите вакви смртни случаи се имаат случено на земјата или во Земјината атмосфера – под Кармановата линија, утврдената вселенска граница на височина од 100 километри.

Но од околу 550 луѓе кои имаат отидено во вселената, само три имаат загинато таму.

Смртоносната граница

На почетокот на вселенската трка, и НАСА и СССР забележаа пораст на смртоносни катастрофи одземајќи ги животите на неколкумина пилоти кои тестираа напредни авиони на млазен погон. Секако, потоа се случи пожарот на Аполо 1 во Јануари 1967, кој ги уби астронаутите Гас Грисом, Ед Вајт и Роџер Чефи на ужасен начин. При симулирање на полетот, залутана искра се запали во кабината на заземјеното летало, исполнето со чист кислород. Ова предизвика незауздлив пожар кој набрзо го совлада несреќниот екипаж, кој трагично загина залудно обидувајќи се да ја отвори херметички затворената врата.

smrt 2

Скафандерот на астронаутот Гас Грисом по пожарот во Аполо 1 во 1967, кој ги уби Гас Грисом, Ед Вајт и Роџер Чефи. Заслуги: Државна Архива (САД)

„Го направивме истиот тест претходната вечер без да ја затвориме вратата на леталото, така што не бевме на 100 проценти кислород,“ Волтер Канингхем, пилотот на месечевиот модул на Аполо 7, изјави за Astronomy. Така што, кога екипажот на Аполо 1 загина, неколку недели поминаа пред да се склопи целата сложувалка, со што ние бевме задоени како главен екипаж за првата Аполо мисија со човечки екипаж.” По помалку од две години, во октомври 1968, Канингхем, Воли Шира и Дон Ејзел станаа првиот Аполо екипаж кој успешно отишол во вселената.

Во текот на следните три години, астронаутите на Аполо завршија уште седум мисии – вклучувајќи го првото слетување на Месечината со Аполо 11 и несреќната мисија на Аполо 13. Потоа, на 30 јуни 1971, луѓе за прв (и засега последен) пат загинаа во вселената.

Катастрофата на Сојуз 11

Првата вселенска станица која успеала да се стационира над Земјината атмосфера е руската Салут 1, која полета (без екипаж) на 19 април 1971. По неколку дена, тричлен руски екипаж полета на Сојуз 10 со цел да стигнат на вселенската станица и таму да останат цел месец. Иако екипажот на Сојуз 10 безбедно се поврза со Салут 1, проблеми со влезната врата оневозможиле влез во вселенската станица. При раното враќање на Земјата, отровни хемикалии протекле во воздухот на Сојуз 10, од што еден астронаут се онесвестил. Сепак, сите три членови на екипажот безбедно се вратија дома без долготрајни ефекти.

Само неколку месеци подоцна, на 6 јуни, мисијата Сојуз 11 повторно се обиде да влезе во вселенската станица. За разлика од претходниот екипаж, трите астронаути на Сојуз 11 – Ѓорѓи Доброволски, Владислав Волков и Виктор Пацајев – успешно влегоа во Салут 1. Потоа, тие изведоа бројни експерименти фокусирани на како човечкото тело издржува продолжени периоди во бестежинска состојба, притоа поставувајќи нов рекорд за најдолго време поминато во вселената.

smrt 3

Космонаутите Ѓорѓи Доброволски (лево), Владислав Волков (средина) и Виктор Пацајев (десно), единствените три луѓе кои починале во вселената, се претставени на поштенски марки во СССР. Заслуги: Пошта на СССР

На 29 јуни космонаутите се вратија во вселенското летало Сојуз 11 и го започнаа спуштањето кон Земјата. И ова е трагичниот момент.

За оние на земјата, влезот на Сојуз 11 во атмосферата изгледал целосно совршен, без никакви пречки. Вселенското летало наизглед поминало низ атмосферата без проблеми, на крај слетувајќи во Казакстан, по план. Дури откако повратните тимови ја отвориле вратата на леталото, истите откриле дека трите членови на екипажот биле мртви.

smrt 4

Откако го откриле несвесниот екипаж на Сојуз 11, повратните тимови залудно пробале срцева масажа, видливо во оваа слика од декласифицирани снимки во рускиот документарен филм „Смртта на Сојузот.“ Заслуги: youtu.be/DdhwbvKMe3I

„Немаше никаква штета однадвор,“ се потсетува Керим Керимов, директор на државната комисија, во книгата Место во рајот на Бен Еванс. „Повратниот тим тропна на ѕидот, но ништо не се слушна одвнатре. Отварајќи ја вратата, тие ги најдоа тројцата во нивните седишта, неподвижни, со модрици на лицата и траги од крв од нивните носови и уши. Ги отстранија од леталото. Доброволски сеуште не беше оладен. Докторите дадоа вештачко дишење. Според нивните извештаи, причината за смрт била задушување.“

Се заклучило дека причината за смртната несреќа била лошо запечатен вентил на леталото за слетување кој пукнал при откинувањето од прислужниот модул. На висина од 168 километри, смртоносниот спој на пукнатиот вентил и вселенскиот вакуум набрзо го исмукал воздухот од кабината на екипажот, намалувајќи го притисокот. Бидејќи вентилот бил скриен под седиштата на космонаутите, би било речиси невозможно проблемот да се реши навреме.

При ран вакуум тест на НАСА, скафандерот на Џим Лебланк почнал да губи воздух, со што почнал да се губи притисокот. По 30 секунди тој се онесвестил, но неговите колеги успеале да стигнат до него навреме, спасувајќи му го животот.

Како директен резултат на смртта од губење притисок на екипажот на Сојуз 11, СССР набрзо воведе промена со која сите астронаути морале да ги носат нивните скафандери при слетување – правило кое сеуште е на сила до ден денес.

Превзамено од astronomija.mk

Извор:astronomy.com

- АУДИО РЕКЛАМА -