Која е жената поради која Дајана верувала дека Чарлс ја планира нејзината сообраќајка? Денес е многу блиска со Вилијам и Хари

Според најновите извештаи кои ги објавија британските медиуми, тамошната полиција во 2005 година го испитувала принцот Чарлс поради смртта на принцезата Дајана, кога морал да раскаже и сè за својата наводна афера со Тиги-Лег Бурк.

Поранешниот шеф на Скотланд Јард, Џон Стивенс, за „Daily Mail“ раскажал дека разговарал со Чарлс за записите во дневникот на Дајана од 1995 година.

Google search engine

„Мојот сопруг планира автомобилска несреќа во која ќе настрадам, ќе ми откажат кочниците и ќе се здобијам со сериозни повреди на главата, и тоа за да може да се венча со дадилката Тиги, која ги чува Вилијам и Хари“, напишала Дајана и додала дека Камила со која Чарлс е денес во брак, е само мамка.

Белешките на Дајана

 

Тиги ја вработил самиот Чарлс во 1993 година, кратко откако тој и Дајана се разделиле. Таа одела со Вилијам и Хари на семејните одмори и со нив создала многу блиска врска, а двајцата во 1999 година биле гости на нејзината венчавка. Таа пак, во 2018 година присуствувала на венчавката на принцот Хари и Меган Маркл.

Дадилката се најде во центарот на вниманието на јавноста откако беше откриено дека Дајана била уверена за нејзината афера со Чарлс. Тој во 2013 година бил сведок на истрагата откако белешките на Дајана беа јавно објавени.

„На крајот покажа неверојатна волја за соработка бидејќи немаше што да сокрие“, изјавил Стивенс.

Дајана наводно била убедена во нивната афера од страна на новинарот на „BBC“, Мартин Башир, кој и самиот го истакнал тоа во една прилика, по што приватниот секретар на Кралицата, Сер Роберт Фелоус, започнал истрага.

Но, по неколку месеци Скотланд Јард потврдил дека Башир нема да се соочи со кривична пријава поради обвинение за лажирање, но Стивенс отворено искажал жалење што тој и неговите колеги не разговарале претходно со новинарот.

„Да постоеше сомнеж тогаш дека Башир на Дајана ѝ изнел лажни податоци и документи, што е кривично дело, ние ќе го истражевме тоа. Навистина, но сето тоа дури неодамна излезе во јавноста, што е жалосно“, додал тој.