Која е уапсената тенисерка на Ролан Гарос? Русинката изгледа како божица, иако во „белиот спорт“ нема…

По повлекувањето на Наоми Осака од Ролан Гарос, грен слемот во Париз го потресе нов скандал откако тенисерката Јана Сизикова била изнесена со лисици на рацете поради сомнеж дека местела натпревари.

Во текот на 2019 година над 20 тенисери биле казнети поради сомнеж дека учествувале во местење на натпревари, а од текот на есента 2020 година пристигнува најголемиот скандал.

Google search engine

Како што наведува „Le Parisien“, Јана Сизикова била уапсена поради сомнеж дека наместила натпревар од првото коло на Ролан Гарос во 2020 година, кога таа и Медисон Бренгли загубиле 7:6, 6:4 од романскиот пар Андреа Миту и Патриција Марија Тиг.

Имено, обезбедувањето се обидело да го спречи апсењето на 26-годишната Русинка кое се случило додека излегувала од масажа по натпреварот и била приведена во Централната служба.

Истрагата против неа била започната во октомври 2020 година по серија необични обложувања во вториот сет од спорната средба, а особено во петтиот гем кој го изгубила на свој сервис правејќи две последователни грешки.

Јана не е големо име во тенисот, но успеала да биде во центарот на вниманието на јавноста на друг начин.

Таа е родена во Москва на 12 ноември 1994 година и покрај една WTA титула во дабл има и три ITF трофеи во сингл натпреварувања, па дури и 43 во конкуренција на парови.

Моментално е 765-та на листата на тенисерки во сингл натпреварувања, а најдобриот пласман на светски ранг го имала во јуни 2016 година кога ја зазела 336 позиција на листата.

Повеќе успех, каков-таков, таа имала во дабл натпреварите каде освоила и една титула. Тоа се случило во Лозана 2019 година во пар со Анастасија Потапова откако стигна на 101 место на листата во дабл натпреварувањата.

На грен слемовите натпреварувањата најчесто ги завршувала уште во првото коло или пак во текот на квалификациите. Таа од турнирот, според податоците на WTA заработила околу 170.000 евра.

Сизикова важи за една од попровокативните тенисерки…