Која е Мекензи Скот, најмоќната жена на светот? Неверството го наплатила скапо и од разводот направила „бизнис“:

Тоа што ја изневерил е всушност неговата најголема грешка. Сè жестоко му наплатила, па сега ужива во неговите пари и хуманитарната работа!

Американскиот магазин „Forbеs“ ја објави листата на 100 најмоќни жени на светот, а првата позиција ја зазеде Мекензи Скот, поранешната сопруга на Џеф Безос.

Google search engine

Во текстот за најмоќните жени на светот, новинарката на „Forbes“ Меди Мек Грат, пишува дека Скот, по разводот од Безос добила огромни финансиски средства кои со голема брзина почнала да ги дели во хуманитарни цели.

„Пред три години Мекензи беше авторка, сопруга и мајка на четири деца која започна група за борба против злоупотреба, а во 90-те му помогнала на својот сопруг да го создадат Amazon. Тогаш, остана во негова сенка – но, потоа се разведе од Безос“, пишува во текстот.

Како што се наведува, крахот на бракот следел откако Џеф ја изневерил Мекензи.

Мекензи одлучила да стави точка на бракот, но сето тоа скапо му го наплатила

Од тој брак излегла со значителна сума на пари. По разводот, добила четвртина од уделот во Amazon и речиси веднаш почнала да планира дека сето тоа ќе го подари.

„Имам неверојатна сума на пари која сакам да ја споделам со другите“, изјавила во мај 2019 година притоа рекла дека барем половина од своето богатство ќе го даде во хуманитарни цели.

По разводот од Безос, среќата ѝ се насмевнала и што се однесува до љубовта.

Две години откако Џеф ја напушти поради љубовницата, Мекензи ја пронашла својата љубов.

Познатата хуманитарка се венчала во тајност за професор од Сиетл, Ден Џевет, а веста за бракот ја потврдиле минатиот викенд на страницата на организацијата „Giving Pledge“ која ги поттикнува богатите поголем дел од своите пари да ги дадат во хуманитарни цели.

Најмоќната жена на светот денеска работи со својот сопруг, со истражувачите и советниците на непрофитната консултантска компанија „Bridgespan“.

„Таа не му се правда на никој, нема управен одбор (за кој знаеме), наведува новинарката Мек Грат.