Најстарата ќерка на Бил и Мелинда Гејтс, Џенифер, се огласи на социјалните мрежи по повод разводот на нејзините родители.
Џенифер Гејтс на својот Инстаграм профил, во стории, напиша дека ова е тежок период за целото семејство и додаде дека таа „продолжува да учи како да се справува со своите, како и со емоциите на другите членови на семејството“. Таа истакна дека повеќе нема да коментира за разводот на нејзините родители и истакна дека им е благодарна на сите што и испратија зборови за поддршка.
Таа, нејзиниот брат Рори и сестрата Фиби морале да ги следат строгите правила на таткото и мајката додека растат. Познато е дека нивниот татко им забранил да користат телефон до 14-та година од животот, а големото внимание во нивното семејство е насочено кон образованието. Џенифер дипломирала на Стенфорд во 2018 година, на одделот за биологија, а во интервју за магазинот „Сајдлајнс“ изјавила дека педијатарот ја инспирирал своето образование да го насочи кон медицината.
View this post on Instagram
Оваа млада дама обожава коњи и трки со коњи, а „Бизнис инсајдер“ напиша дека нејзиниот татко, поради нејзината голема страст кон коњите, купил имот во Велингтон, Флорида, кој чинел околу 37 милиони долари.
Во јануари 2020 година беше објавено дека е свршена за Нејел Насар, кој студирал на Стенфорд со неа. „Едвај чекам да го поминам остатокот од мојот живот со него“, напиша таа на Инстаграм.
Да потсетиме, на почетокот на неделата беше објавена изјава дека Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат, во која се вели дека, по многу размислување и работење на врската, донеле одлука да го прекинат бракот.
View this post on Instagram
View this post on Instagram