Која банка одобрила најмногу кредити на граѓаните

Според податоците на Народната банка за банкарскиот сектор во земјата за 2021 година, Стопанска банка АД Скопје е банката која најмногу ги кредитира граѓаните, односно домаќинствата.

Така, од вкупните кредити на Банката, 51,6 милијарди денари се кредити одобрени на домаќинствата, а 28,2 милијарди денари се кредити одобрени на нефинансискиот сектор односно приватните компании.

Реклама

НЛБ Банка е втората банка која што одобрила повеќе кредити на домаќинствата и тоа на износ од 42,7 милијарди денари, а 27,4 милијарди денари на приватните компании.

Шпаркасе банка по спојувањето со Охридска банка се најде на третото место со износ за физички лица од 26,02 милијарди денари и на приватните компании 28,9 милијарди денари.

Халк Банка АД Скопје скоро подеднакво ги кредитира домаќинствата и приватните компании и тоа домаќинствата во износ од 24,3 милијарди денари, а приватните компании 24,7 милијарди денари.

Комерцијална банка одобрила 18,6 милијарди денари на домаќинствата и 35,6 милијарди денари на приватните компании.

Уни Банка со износ од 11,6 милијарди денари за физички лица, Централна кооперативна банка со износ од 6,57 милијарди денари, ТТК Банка со 3,52, Силк Роуд банка со износ од 3,66 милијарди денари за физичкилица, се банки кои што повеќе ги кредитираат домаќинствата отколку приватните компании.

Стопанска банка Битола со износ од 3,41 милијарди денари речиси подеднакво ги кредитираат домаќинствата и приватните компании.

Прокредит банка одобрува 3,16 милијарди денари на домаќинствата и 28,39 милијарди денари на приватните компании.

Капитол банка одобрува 894 милиони денари кредити на домаќинствата и 992 милиони денари на приватните компании.

Реклама