Кој стои зад притисокот на ЕУ на „АстраЗенека“: Проблемот не е безбедноста на вакцината, туку нешто друго

Научникот кој што стои зад тимот кој ја развил вакцината на „АстраЗенека“ вели дека оваа компанија ништо не заработува од вакцините за разлика од другите и дека ќе размисли за зголемување на цената на вакцината поради однесувањето на ЕУ кон нив.

Доколку треба да судиме по зборовите од водечките научници од тимот кој што ја произведува вакцината „АстраЗенека“, поради критиките кои стигнуваат од ЕУ, цената на вакцината би можела да се зголеми.

Google search engine

Џон Бел, професор од Оксфорд кој што е еден од клучните научници при развојот на оваа вакцина, дал интервју за британски „Телеграф“ во кое што изјавил дека „АстраЗенека“ поради критиките од ЕУ може да ја доведе до прашање претходната одлука да не профитира од вакцината.

„Постои момент во кој што „АстраЗенека“ би можела да каже: Сега ќе престанеме да наплаќаме ниска цена затоа што не оддавате признание за сè што сме направиле. Цената на акциите на „АстраЗенека“ се намали, не порасна. Произведуваме повеќе вакцини од било кој друг. Не станува збор за безбедноста и ефикасноста на вакцината, но на никој не му е гајле“.

Тој исто така нагласил дека владеат фрустрации поради тоа што се откажуваат од профитот на вакцината, што не важи за ривалите, како на пример „Фајзер“:

„Немаме проблем со тоа луѓето да заработуваат, но сега не е време за тоа. Фармацевтската индустрија ни порачува: Гледајте нè, бевме прекрасни и го спасивме светот. Да, тоа е така, но притоа заработивте и многу пари“.

Изјавите на водечкиот научник од Оксфорд ги коментирала и самата „АстраЗенека“:

„Од самиот почеток пристапот на „АстраЗенека“ беше таков што го третиравме развојот на вакцината како одговор на вонредната, глобална закана и ќе продолжиме да работиме во тој дух. Апсолутно сме посветени на тоа да овозможиме вакцина за што поголем број од земјите и притоа да не заработиме ништо во текот на пандемијата. Компанијата вети дека ќе ја продава вакцината по цена која е доволна само да се покријат трошоците во време на пандемија“, изјавил портпаролот на „АстраЗенека“.