Кој ќе ја наследи Меркел? Шолц победник на дебатата на кандидатите

Според испитувањето на јавното мислење, најголеми шанси на местото канцелар на Германија да ја наследи Ангела Меркел има кандидатот на социјалдемократите има Олаф Шолц, кој освоил најголема доверба од гледачите на третата телевизиска дебата.

Зад него следи демохристијанскиот кандидат Армин Лашет со 27 проценти и на трето не место е кандидатката на зелените, Аналена Бербок со 25 проценти.

Google search engine

Шолц, според испитувањето на јавното мислење победил во првите два дуели на кандидатите.

Како што пренесува “Hina”, според мислењето на аналитичарите, во третото соочување, кандидатката на зелените Бербок настапила најагресивно, додека кандидатот Лашет, за разлика од првите две дебати, се држел повлечено.

Шолц како и во првите две дебати делувал најсмирено и најкомпетентно.

Според последните истражувања, СПД и натаму води со 25 проценти од гласовите пред Христијанско-демократската унија, за која би гласале меѓу 20 и 22 проценти од испитаниците.

Следат зелените со 16, либералите и Алтернатива за Германија со по 11 проценти, па Левица со шест проценти.