Кој ја лансирал ракетата? Со брзина поголема од 9.000 км/ч утре ќе удри во Месечината

Астрономите веруваат дека остатокот од кинеската ракета утре ќе удри во Месечината, но Кинезите велат дека тоа не е нивна ракета.

Кон крајот на јануари светските медиуми пренеле информација дека ракета на “SpaceX” лансирана во 2015-та година е на пат кон Месечината во која би требало да удри на почетокот на март. Кратко после тоа и откако добил нови податоци од НАСА, астрономот Бил Греј, кој прв ја објавил веста за ракетата на “SpaceX” признал дека погрешил. Рекол дека дел од ракетата и натаму лета кон Земјиниот сателит, но дека тоа не е американска, туку кинеска ракета лансирана во 2014-та година.

Google search engine

Новиот пресврт уследил откако Кинезите објавиле дека ракета “Chang`e 5-T1” која ја лансирале во тоа време, по лансирањето целосно изгорела во атмосферата, така што ракетата која е на пат кон Месечината не е нивна.

Целата ситуација е прилично збунувачка, па официјално не е познато дали ракетата или можеби некое друго парче вселенски отпад ќе удри во Месечината. “NBC” нагласува дека Кина и во 2020-та пратила ракета кон Месечината во мисија за собирање на месечева површина, па така постои можност дел од таа ракета да удри во Месечината.

Тој удар, за жал за астрономите, нема да биде видлив со телескопи и ќе минат недели, а можеби и месеци додека тоа се потврди.

Делот од ракетата е тежок околу три тони и во Месечината ќе удри со брзина поголема од 9.000 километри н час, по што на нејзината површина би требало да настане дупка меѓу 10 и 20 метри, предвидуваат научниците.

Без разлика за чија ракета се работи, Греј предупредува дека ни Кина ни останатите држави не водат премногу сметка за вселенскиот отпад. Дека тоа би можело да биде голем проблем во иднина предупредил и Стив Вознијак, кој неодамна основал компанија за следење на вселенскиот отпад.

ПретходнаПроблеми со фустанот на прекрасната актерка: Во еден момент ѝ се видела и долната облека
СледнаСе јави наводната љубовница на Путин: “СИТУАЦИЈАТА ВО ЈУГОСЛАВИЈА НЕ ГИ ЗАГРИЖУВАШЕ, АМА СЕГА СЕ ЛУТИ, СРАМОТА”