Кој е Џанлука Ваки? Осуден на 3 и пол години затвор, а денес „плива“ во пари со 27 години помладата девојка

Италијанскиот милионер Џанлука Ваки (53) предизвика големо внимание во медиумите и јавноста откако два пати замина да се вакцинира во Белград.

Популарниот плејбој со сива коса и весел дух, кој ги напуштил сите работни места на 50-годишна возраст и решил да ужива во животот со полни гради, е многу популарен на социјалните мрежи. Нема кој не ја памети снимката од неговиот танц на јахта во друштво на млада убавица која го „запали“ интернетот со брзина на светлината.

Google search engine

Шармантниот хедонист го следат повеќе од 20 милиони следбеници на Инстаграм, а тој редовно споделува фотографии од патувања на кои лудо се забавува.

Џанлука Ваки е роден на 5 август 1967 година во Болоња, каде дипломирал на Универзитетот за економија и бизнис. Како претприемач, работел во различни области – од туризам до мода.

Бил шеф на компанија за производство на авто-приколки и член на Управниот одбор на фармацевтската компанија „Finanziaria Vacchi“. Но, не одело сè по најдобар ред – по еден неуспешен бизнис и пропаст на компанијата во чиј банкрот бил вмешан, Ваки бил осуден 3 и пол години затвор, но не ја отслужил казната.

Поради долг од 10,5 милиони евра, банката му ги запленила луксузните и раскошни вили и јахти, како и акциите во голф-клуб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gianluca Vacchi (@gianlucavacchi)

„Тоа е само мал, потполно неважен долг“, вели Џанлука, чие семејство поседува фармацевтска компанија, која и покрај добрата заработка очигледно повеќе не може да го покрива неговиот екстравагантен начин на живот.

Во 2011 година, по една многу тешка фаза во животот, новите одлуки го довеле до денешното богатство кое се проценува на околу 450 милиони американски долари и кое постојано расте.

Некогашниот бизнисмен, диџеј и ѕвезда на социјалните мрежи ужива во врската со 27-годишната манекенка Шерон Фонсека, со која купил луксузна вила во Мајами Бич, Флорида.

Парот на крајот на октомври 2020 година доби ќерка која ја нарекоа Блу Јерусалема Ваки. Тогаш на својата наследничка ѝ припреми спектакуларен дочек кој го сподели на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gianluca Vacchi (@gianlucavacchi)

Познат е и по ексцентричниот начин на облекување кој подразбира специфични бои и дезени, уникатни чизми и чевли, а особено сака да го поминува слободното време во фини пижами и босоног. Целото тело му е прекриено со тетоважи кои едноставно ги обожува.

„Мојата филозофија се заснова на свесноста за тоа дека имаме само еден живот. Треба напорно да работиме, а притоа да не заборавиме да сонуваме, да бидеме луди и иронични. Имајте на ум дека луѓето кои не сакаат не се сериозни луѓе“, гласи животната филозофија на Џанлука.

ПретходнаМистеријата конечно е решена: Еве колку долго делува кафето
Следна„Ќе имаме и Ковид-26 и Ковид-32 доколку не го направиме ова“: Влијателните светски научници апелираат што поскоро да се дознае вистината