Ако во последните неколку денови барем една минута сте поминале на Инстаграм, ТикТок или Твитер, тогаш сигурно сте го виделе лицето на 18-годишниот блогер Хасбула Магомедов.
Хасбула или Мини Кабиб, како што уште го нарекуваат, на социјалните мрежи е активен од минатата година, но последните неколку недели стана хит, благодарение на ТикТок.
Неговата популарност моментално е толку голема, што Јутјуберот Логан Паул својата борба против Флојд Мејватер ја посветил токму на Хасбула.
Хасбула е роден со генетско пореметување (иако официјално не е потврдено, се смета дека станува збор за џуџест раст), поради кое му е запрено растењето на рана возраст. Има 18 години и тежи 16 килограми, а висок е околу 106 сантиметри. Доаѓа од рускиот град Махачкала, од каде што е и борецот Кабиб Нурмагомедов.
Хасбула поради видеата во кои го имитира славниот борец, добил прекар Мини Кабиб и стекнал популарност во ММА заедницата. Кабибовото УФЦ мерење го рекрирал со уште еден руски блогер со пореметување во растот, Абду Розик, и привлече внимание на социјалните мрежи.
Таа објава станала толку популарна што странските медиуми сега пишуваат дека чеченскиот ММА-борец, Аксаб Тамаев наводно организира борба помеѓу Хасбула и Абду, што предизвика загриженост кај руската атлетска асоцијација на лица со џуџест раст.
Лидерот на асоцијацијата, Улиана Подпалнаја, намерата за организирање ваква борба ја нарекла ‘неетичка и погрешна’.
View this post on Instagram
View this post on Instagram