Kои телефони не можат да се прислушкуваат?

Постојат неколку нивоа за прислушкување на мобилните телефони.

„Може прислушувачот да се постави на самиот апарат или пак тоа да се направи на ниво на телефонската линија, оперативниот систем или пак самата програма врши прислушкување“, изјавил за агенцијата „Прајм“ генералниот директор на „Дигитални платформи“ Арсениј Шељцин.

Google search engine

Наједноставно е прислушкувањето на ниво на телефонот. Што се однесува до прислушкувањето на самиот апарат, според зборовите на експертот, потребно е да се активира телефонот и микрофонот.

На ниво на оперативниот систем се подразбира дека можно е да се активира прислушкувањето кај било кој телефон без знаење на неговиот сопственик.

Програмското ниво на прислушкување претставува пристап преку апликации на кои корисникот оставил информации при користење интернет, кога користел камера, микрофон, некој фајл или пак се допишувал.

Експертот не ја исклучува можноста и за прислушкување во интернет врските.

„Неопходно е да се користат проверени крипто-телефони од мрежата и сопствени средства за комуникација, како што се конференциска врска која се воспоставува кај вас на серверот и дава можност да разговарате“, советува Шељцин.

- АУДИО РЕКЛАМА -