Кои телефони доминираа на пазарот во 2022-ра година (ИНФОГРАФИК)

Една од најпознатите компании кои се занимаваат со технолошки, медиумски и телекомуникациски статистики, вклучително и телефони, е „Counterpoint“, а токму денеска беше објавена глобалната листа на најпродавани телефони во 2022-ра, во која „Apple“ е убедливо доминантен.

Со вкупно осум од десет места, телефоните на „Apple“ – „iPhone“, особено последните две генерации, се убедливо најпродавани. Со 5% од вкупниот удел на листата на најпродавани телефони во 2022-ра година, „Apple iPhone 13“ е далеку прв, следен од „iPhone 13 Pro Max“ со 2,6% и „iPhone 14 Pro Max“ со 1,7%. Покрај телефоните на „Apple“, има и два модели на „Samsung“, достапните „Galaxy A13“ и „A03“ кои се на четвртото и десетото место.

Google search engine

Интересен тренд се моделите на „iPhone Pro Max“, кои генерално се сè попопуларни и покрај нивните димензии, секоја година заземаат сè подобри позиции на листата. Минатата година, „iPhone 12“, телефонот што беше претставен во октомври 2020-та година, беше на шестото место, со малку помали бројки од моделот „iPhone 13 Pro“.

И покрај тоа што е на пазарот две и пол години, основниот модел на „iPhone 12“ остана многу популарен на пазарите како што се САД, Кина и Јапонија. Друг модел кој добро се продаваше на јапонскиот пазар е минатогодишниот „iPhone SE 2022“, кој е особено ценет поради компактните димензии и кој е на 10-то место на листата на најпродавани телефони во 2022-ра година.

Двата модели на „Samsung“ се единствените два 4G телефони на листата, а нивната регионална дистрибуција е многу порамномерна од моделите на „iPhone“. На пример, за помалку од 250 евра, „Samsung Galaxy A13“ најдобро се продаваше на пазарите како што се Карибите, Латинска Америка и Индија. Од друга страна, „Samsung Galaxy A03“ е најприфатливиот телефон на листата и единствениот придвижуван од „Unisoc“ чипсетот, кој го заслужи своето место со одлични бројки на пазарот на Блискиот Исток и Африка.

Листата на „Counterpoint“ на најпродавани телефони во 2022-ра година