Кои состојки го обновуваат и прочистуваат нашето тело?

Постојат многу продукти кои го ревитализираат или обновуваат нашето тело, односно го оживуваат и прочистуваат на некој начин, еве кои се тие:

Диететски влакна

Google search engine

Најдобриот начин за чистење на телото е да се внесува храна богата со диететски влакна. При нивното разложување во цревата, тие вршат механичко чистење на ѕидот, а со тоа и се отстрануваат остатоците од исхраната.

Пробиотици

Пробиотиците се незаменливи во одржувањето на нормалната цревна флора на дигестивниот тракт. Секојдневниот внес на пробиотски јогурт, ќе го спречи вознемирувањето на стомакот и цревата.

Омега-3 масни киселини

За да се внесат овие многу важни масни киселини кои штитат од кардиоваскуларни заболувања и го чуваат и обновуваат здравјето на крвните садови во телото, потребно е да се јаде многу риба.

Овошје

Овошјето е богато со антиоксиданси, хранливи материи, диететски влакна и многу важни витамини, како што е витаминот Ц. Антиоксидансите од овошјето ни помагаат во отстранување на отпадните продукти кои се натрупуваат во телото. Тие, исто така, помагаат во неутрализација на загадувачите и слободните радикали, кои постојано го напаѓаат нашето тело. Овошјето содржи и големи количини на вода, што помага во отстранувањето на токсините.

Зеленчук

Темно-зелената е бојата на листестите зеленчуци што содржат многу витамини. Еден таков претставник е спанаќот. Освен спанаќ, во фрижидерот треба постојано да се има спирулина, алфаалфа, и други хранливи зеленчуци и алги, кои содржат фитоминерали и витамини.

Лук

Колку непријатно и да мириса, лукот спаѓа во групата на највредните зеленчуци. Тој го стимулира црниот дроб да создава ензими кои ги отстрануваат токсичните остатоци од дигестивниот тракт.

Лимон, портокал и зелен лимон

Витаминот Ц е еден од најдобрите детокс-витамини, затоа што ги претвора токсините во сварлив материјал. Овие цитрусни овошје прават чуда кога станува збор за отстранување на токсините од телото и чувањето на здравјето на дигестивниот тракт. За подобри резултати, во утринските часови консумирајте цеден лимон.

Зелен чај

Хербалните чаеви се добри за дигестивниот систем, но зелениот чај е нешто посебно. Преполн со антиоксиданти, зелениот чај ги отстранува токсините од нашиот систем. Зелениот чај содржи и специјален вид на антиоксидант, наречен катехин, кој ја зголемува црнодробната функција.

- АУДИО РЕКЛАМА -