Кои серии доминираа на торент оваа година?

Ги гледаме премиерно на телевизија, на нашите телефони, интернет, разни стриминг сервиси, но голем број од нас најпопуларните серии ги симнуваше од торент сајтовите.

Зад нас е година во која најголемиот дел од денот го поминувавме на интернет, со играње, гледање на филмови, серии и многу други содржини, а една од главните алатки која на милиони луѓе им ја овозможи оваа „забава“ беа секако и торентите.

Google search engine

Минатата година, како и седум години претходно, никој немаше никакви шанси со Game of Thrones кога станува збор за телевизиските серии. Популарната серија на HBO беше најпиратирана осум години по ред!

Овојпат, Game of Thrones ја нема ниту во Топ 10-те најпиратирани серии. Популарниот сајт TorrentFreak ја направи листата со најсимнувани серии во текот на 2020-та година, а на првото место се најде The Mandalorian.

 

Потоа следуваат The Boys, Westworld, The Vikings, Star Trek: Picard, Rick and Morty, The Walking Dead, The Outsider, The Arrow и The Flash.