Колку и да внимаваме на исхраната, големи се шансите некои од популарните намирници да се всушност нездарви, па со текот на времето истите да му штетат на вашето здравје и стомак.
Имено, науката докажала дека некои од намириците (оние кои што не можеме да ги заобиколиме), со текот на времето може да направат непоправлива штета по нашето здравје.
1. Преработено месо
Иако можеби ви делуваат сочни, сланината или колбасите понекогаш навистина може да ви наштетат на здравјето.
„Сланината и колбасите, но и другите преработени месни производи како на пример саламата, се сметаат за канцерогена класа 1“, објаснува интернистот Дејн Симплер од Медицинскиот центар Мерси во Балтимор, па додава:
„Во просек секоја година умираат околу 50.000 луѓе од канцер предизвикан од црвено месо и месни производи“.

2. Слатки работи полни со шеќер
Доколку секоја вечер јадете некој десерт или чоколадо, постои шанса сериозно да го нарушите вашето здравје. Со ваквата храна мозокот едноставно не добива полно енергија, па го форсирате телото да работи повеќе, потсетува неврологот Дин Шерзај.
„Кога внесувате повеќе шеќер во организмот, клетките стануваат отпорни на инсулинот, што може да доведе до инсулинска резистенција, состојба која што доведува до сериозно оштетување на клетките кои земаат шеќер“, објаснува Шерзај.
3. Оброци од микробранова печка
Доколку јадете оброци подготвени во пластични садови, не правите ништо добро за вашето здравје. Колку и оброкот да е здрав, доколку го загревате во микробранова печка и тоа во пластичен сад, ќе ги изедете и штетните соединенија кои што се отпуштаат при загревањето на храната, вели нутриционистката Алиша Галвин.
4. Чипс
Преполн со празни калории и најштетните јаглени хидрати, покрај тоа пржен во многу масло за јадење – не е ниту чудно што е толку штетен.
„Со голема количина на најлошите јаглени хидрати, со чипсот внесувате и огромна количина масти и соли“, вели нутриционистот Лиса Ричардс.

5. Бел леб
Не е само очигледно што пресолената храна е единствениот виновник за скокот на крвниот притисок, но истото може да го направи и белиот леб. И, додека поголемиот дел од луѓето знаат дека лебот е преполн со шеќери и јаглени хидрати, тоа што многумина не го сфаќаат е што овој производ содржи и многу сол, што негативно влијае на крвниот притисок.