Кои се најпрофитабилните приватни болници?

Ниската ефикасност и слабото ниво на организација во јавното здравство остави простор за одлична бизнис клима кај приватните болници. Разликите во услугите и третманот се евидентни, условите неспоредливи, а критериумите за споредба се наједноставно кажано неспоредливи. Затоа и не треба да не чудат резултатите на приватниот сектор, но треба јак притисок врз креаторите на политиките во јавниот здравствен сектор…

Разликата меѓу приватното и јавното здравство веќе е се поочигледна. Најнов аргумент на таа листа е фактот што приватните осигурителни компании за услуги од дополнително и приватно здравствено осигурување ги одбраа за партнери токму приватните здравствени установи. И тука не држи аргументот дека јавните болници и клиники не смеат оти и да смееја пак ќе беше исто.

Google search engine

Токму оваа состојба во јавното здравство остава простор за одличен бизнис амбиент за приватните болници и клиники. Дополнителен катализатор за нивната работа беше и здравствената пандемија предизвика од корона вирусот кој дополнително ги поремети стандардните позиции во системот на јавно здравство.

На листата на „Фактор“ на најголеми и најуспешни приватни здравствени компании има седум компании. Радува еден факт: дури четири од нив се доминантно или целосно домашно поседувани.

Резултатити од нивната работа се евидентни, а официјалните податоци достапни во Централниот регистар покажуваат дека четири од нив бележат растови на приходите лани во споредба со 2020 година, а две компании – специјализирани за хемодијализа ја одржале пазарната позиција (со минимална корекција на приходите).