Кои се најпопуларните страници и социјални мрежи во светот за 2021-ва?

Популарноста на „TikTok“ продолжува да расте секој ден, а на крајот на 2021-ва година социјалната мрежа е уште попосетувана од „Google“ и „Facebook“.

Податоците од компанијата за мрежни услуги „Cloudflare“ покажуваат дека „TikTok“ е најпосетуваниот домен за тековната година, а трендот е за лидерство во последните месеци од годината – октомври, ноември и декември.

Google search engine

Другите најпопуларни домени се „Google“, „Facebook“, „Microsoft“, „Apple“, „Amazon“, „Netflix“, „YouTube“, „Twitter“ и „WhatsApp“.

Најпопуларните социјални мрежи се: „TikTok“, „Facebook“, „YouTube“, „Twitter“, „Instagram“, „Snapchat“, „Reddit“, „Pinterest“, „LinkedIn“ и „Quora“.

Потсетуваме дека во 2020-та година „TikTok“ беше рангиран само на седмото место меѓу најпопуларните домени во светот.

Социјалната мрежа првпат успеа да се искачи на врвот на 17-ти февруари, кога беше посетена од повеќе луѓе од „Google“, според „Cloudflare“.

ПретходнаПАРНОТО ЌЕ НЕ ИЗГОРИ – БЕГ бара поскапување од 300 отсто, како ќе пресече Регулаторна?
СледнаКога ќе се прејадете и ви е мака направете го ова