Кои се најголемите компании за нафта и гас во светот

Географската дистрибуција на најголемите нафтени и гасни компании покажува колку е широко распространета индустријата на глобално ниво.

20-те најдобри компании за нафта и гас доаѓаат од 10 различни земји. САД се домаќини на шест компании, додека четири се со седиште во Русија. Останатите 10 се во Кина, Бразил, Саудиска Арабија или Европа.

Google search engine

Користејќи ги податоците од „КомпанисМаркетКап“, инфографикот ги рангира 20-те најголеми нафтени и гасни компании по пазарна капитализација од 7-ми октомври 2021-ва година.

Бидејќи често ги гледаме нивните логоа на бензинските пумпи, најголемите компании за нафта и гас се генерално доста добро познати. Еве како тие се наведени, рангирани по пазарна капитализација:

„Saudi Aramco“ е една од петте компании во клубот од милијарди долари како трета по големина компанија во светот по пазарна капитализација. Нејзината пазарна капитализација е речиси еднаква на комбинираната проценка на останатите 19 компании на листата. Но, она што сè уште го прави ова неверојатно е фактот дека компанијата излезе на берза во декември 2019-та година.

Сепак, оценката за нафтениот гигант не доаѓа од ведро небо. „Aramco“ беше најпрофитабилната компанија во светот во 2019-та година, со нето приход од 88 милијарди долари.

„Apple“ ја презеде оваа титула во 2020-та година, но високите цени на нафтата може да го вратат „Aramco“ на самиот врв.

Иако „Standard Oil“ беше поделен пред еден век, неговото наследство живее и денес во форма на „Big Oil“. „ExxonMobil“ и „Chevron“ – втората и третата по големина компании на листата – се директни потомци на „Standard Oil“. Покрај тоа, и „Shell“ и „BP“ купија средства од оригиналното портфолио на „Standard Oil“ на нивниот пат да станат светски нафтени гиганти.

- АУДИО РЕКЛАМА -