Кои се најбогатите луѓе во светот на криптовалутите?

12 милијардери од светот на криптовалутите влегуваат во листата на „Forbes“ за најбогати луѓе на планетата во 2021-ва година.

Деветмина од нив се „новодојденци“ кои претходно не беа на списокот на лица со десетцифрена нето вредност.

Google search engine

Минатата година беа присутни само тројца крипто-милијардери.

1. Сам Банкман-Фрид – 8,7 милијарди долари

Основачот на платформата за трговање „Alameda Research“ и на берзата за деривати „FTX“, Сем Банкман-Фрид, е најбогатиот криптомилијардер на листата на „Forbes“. Според „Cointelegraph“, 29-годишниот Фрид е третата највлијателна фигура во светот на криптовалутите.

Неговата компанија ги има правата на името на салата на американскиот кошаркарски тим Мајами Хит од НБА.

2. Брејн Армстронг – 6,5 милијарди долари

Армстронг е основач и извршен директор на американската берза за крипто-валути „Coinbase“. Тој беше на ранг-листата на „Forbes“ и минатата година, но беше во многу пониска позиција. Во последните 12 месеци, неговото богатство се зголеми повеќе од двојно, на 6,5 милијарди долари.

Неговата компанија известува и за силни финансиски резултати и наскоро планира да се рангира на берзата. Според прелиминарните проценки, нејзината пазарна капитализација може да надмине 14 милијарди долари, што значи дека следната година Армстронг може да биде на врвот на листата на крипто-милијардери.

3. и 4. Камерон и Тајлер Винклевос – 6 милијарди долари

Денес, секој од близнаците Винклевос има нето вредност од околу 3 милијарди долари, благодарение на фактот дека во 2012-та година започнаа да инвестираат во биткоини. Во 2004-та година тие го добија случајот за кражба на интелектуална сопственост против основачот на „Facebook“, Марк Цукерберг.

Тој се согласи на договор да им исплати 65 милиони долари, кои браќата ги користеа за да купат криптовалути. Тие се основачи на берзата за крипто-валути „Gemini“, што тие ја создадоа во 2014-та година. Во 2019-та година, тие исто така ја купија дигиталната платформа за тргување со средства „Nifty Gateway“.

5. Крис Ларсен – 3,4 милијарди долари

Коосновачот на „Ripple“, Крис Ларсен е меѓу оние кои се најдоа на списокот со крипто-милијардери во минатата година. Во последните 12 месеци, неговото богатство се зголеми за повеќе од 30% и сега достигнува 3,4 милијарди долари.

„Ripple“ ја зголеми вредноста скоро петпати во изминатата година, и покрај судските процеси што компанијата ги водеше со Комисијата за хартии од вредност на САД. Институцијата ја обвинува за нелиценцирана продажба на инвестициски инструменти.

6. Мајкл Сејлор – 2,3 милијарди долари

Мајкл Сејлор е ко-основач на софтверската компанија „MicroStrategy“, во која тој учествува од 1989-та година. Денес тој е еден од најпознатите инвеститори во светот на криптовалутите и поседува биткоини во вредност од 2,3 милијарди долари.

Интересно, Селјор започна да инвестира во биткоини релативно скоро – во август 2020-та година и е еден од новодојденците на списокот на крипто-милијардери.

7. Џед Мекалуб – 2 милијарди долари

Џед Мекалуб е другиот ко-основач на „Ripple Labs“. По напуштањето на компанијата, тој создаде своја сопствена криптовалута „Stellar Lumens“. Само во 2020-та година, според „Cointelegraph“, Мекалуб продал криптовалути на „Ripple“ во вредност од над 400 милиони долари.

8. Фред Ершам – 1,9 милијарди долари

Фред Ершам е еден од основачите на „Coinbase“ заедно со Брејн Армстронг и е член на бордот на директори на компанијата. Неговиот удел од 6 проценти се проценува на 1,9 милијарди долари.

9. Чангпенг Жао – 1,9 милијарди долари

Чангпенг Жао е основач на најголемата берза на криптовалути во светот „Binance“. Тој поседува 30% од капиталот на компанијата, а неговата нето-вредност се проценува на 1,9 милијарди долари. Жао неодамна откри дека држи скоро 100% од своето портфолио за инвестиции во крипто-валути.

10. Бери Силберт – 1,6 милијарди долари

Силберт ја основа „Digital Currency Group“ во 2015-та година. Неговата нето вредност во моментов се проценува на 1,6 милијарди долари. „DCG“ е сопственик на инвестициската фирма „Grayscale Bitcoin Trust“, која управува со портфолио на крипто-валути од 46 милијарди долари.

11. Метју Рожак – 1,5 милијарди долари

Метју Рожак е основач и извршен директор на компанијата за блокчејн технологија – „Bloq“. Тој исто така управува со инвестициската компанија „Tally Capital“, која се фокусира на инвестирање во крипто-валути.

12. Тим Дрејпер – 1,5 милијарди долари

Тим Дрејпер е еден од најактивните инвеститори во светот на крипто-валутите. Тој се прослави во 2014-та година кога купи биткоини во вредност од 18,7 милиони долари, кои беа одземени од дивата дигитална платформа „Silk Road“.

Тој е исто така еден од инвеститорите во блокчејн платформата „Tezos“, како и ко-основач на фондот „Draper Fisher Jurvetson“, кој инвестира во технолошки стартапи.

- АУДИО РЕКЛАМА -