Кога сте настинати избегнувајте ги овие намирници

Кога сте настинати, со цел да си олесните, потребно е да ги избегнувате следниве намирници, а еве и зошто…

Сокови и слатки пијалаци

Google search engine

Сите сокови кои се полни со шеќери предизвикуваат побавна борба на организмот со инфекцијата. Ова важи и за секоја останата храна богата со шеќер, како колачиња, торти, бонбони… Наместо тоа, пијте умерено засладен чај или обична вода. Ако морате нешто да грицкате, одберете овошје.

Млечни производи

Иако можеби сте слушнале дека млекото, јогуртот и сличните млечни производи не создаваат слуз, кај некои луѓе насобраниот секрет во грлото може да го направат погуст и тешко поднослив.

Алкохол

Кога ќе почувствувате дека настинката или грипот ве нападнал, откажете го пијалакот после работа. Алкохолот предизвикува воспаленија кои го прават телото подложно на болести. Дехидратацијата е уште една работа која ви штети. Ако не сакате да се разбудите со температура и ужасен мамурлак, избегнете го алкохолот.

Рафинирани јаглехидрати

Пржените лепчиња и бисквитите се класична храна кога сме болни. Но, тие се уште една грешка. Рафинираните јаглехидрати во нив брзо се претвораат во шеќери и влијаат исто како колачите и засладените сокови. Најдобро е да јадете свеж леб од цели зрна.