Новопечената мајка, која на социјалната мрежа ТикТок е позната под псевдонимот „Taming Triplets“, на својот профил споделила необична приказна за бременоста.
Имено, таа природно останала бремена со близначки, а 10 дена подоцна дознала вест што ја шокирала.
Иако шансите жената да забремени додека е бремена се многу мали, на оваа мајка сепак тоа ѝ се случило.
„Јас и мојот сопруг отидовме на ултразвук за да ги видиме нашите близнаци и се уверивме дека сè е во ред. Меѓутоа, неколку минути откако почна ултразвукот, докторката ме погледна и ми рече: ‘Па, честитки, имаш три бебиња’, а јас останав во шок“, се присетува таа.
Како што вели, прво мислела дека докторот се шегува, но брзо се уверила во спротивното.
@tamingtriplets This Doc didn’t prepare us at all for the shock 😅 How was this 1 year ago?? Most emotional day of my life!! Happy, scared, overwhelmed, blessed, shocked….. Once in a lifetime experience 🤍🤍🤍 #triplets #tripletreveal #pregnancyannouncement #tripletpregnancy
„Покажа кон екранот и објасни дека наместо две ќе имаме три девојки. Се смеевме и во исто време бевме збунети, бидејќи не бевме подготвени за таа вест“, искрена е оваа мајка.
Овој необичен феномен се нарекува суперфетација и може да се појави кај жени кои овулираат двапати месечно.
„Обично бременоста треба да влијае на вашите хормони и да ја спречи овулацијата кога ќе забремените. Мене тоа не ми се случи“, објаснува таа и додава:
„Приближно 10 проценти од жените можат да овулираат двапати месечно, а мислам дека само три проценти повторно забременуваат. Технички, нашите бебиња имаа различни термини, но сите беа доволно блиску да се родат во ист ден, па технички се сметаат за тројка“.
Бебињата се родени пред повеќе од шест месеци, а новопечената мајка вели дека на нејзината среќа и нема крај.
„Тие се мои ангели. Не можам да го замислам животот без третата девојка. Сега нашето семејство е комплетирано“, заклучила таа.