Матилда (23) и Самули од Финска се запознале на прославата за 50-от роденден на нејзината мајка, а по 2 недели започнале да се забавуваат.
Матилда вели дека никогаш не размислувала за брак додека не го запознала својот 27-годишен полубрат Самули.
„Тој практично веднаш се всели кај мене. Не нѝ беше чудно, се чувствувавме добро и природно“, изјавила Матилда и додала дека нејзините пријатели на почетокот ја осудувале нивната врска, но нејзината мајка ѝ помогнала да го преброди сето тоа.
View this post on Instagram
„Мојата мајка ми рече да направам сè што мислам дека е најисправно во тој момент, сè останато да оставам на страна и да го следам своето срце и тоа ме наведе да се венчам со Самули“, додала таа.
„И двајцата бевме во неколку долги врски, но никогаш не сме се поврзале со некој како што се поврзавме еден со друг“, вели 23-годишната девојка која смета дека нејзината мајка и таткото на Самули можеби дури и потајно сакале тоа да се случи.
View this post on Instagram
Матилда исто така истражувала дали постојат правни компликации со кои тие би можеле да се соочат.
„Најпрвин пронајдовме една лажна, стара информација дека тоа е незаконски, но наш пријател нѝ кажа дека нема да имаме проблеми ако сакаме да се венчаме, па го направивме тоа“, заклучила Матилда, пренесува „Daily Star“.
View this post on Instagram
View this post on Instagram