Пејачката Бебе Реџа викендов присуствувала на ревијата на познатото дуо Долче и Габана во многу необичен стајлинг кој предизвика лавина од негативни коментари.
Таа за оваа прилика одбрала тесен фустан со змиски принт и со изразено деколте. Целиот стајлинг го заокружила со црвени сандали и шминка во црвени нијанси, a „шлаг на тортата“ било црвеното срце од циркони сошиено на фустанот во пределот на меѓуножјето.

Изгледот на пејачката воопшто не им се допаднал на модните критичари, ниту на нејзините фанови, а негативните коментари само се нижеле.
„На ваков настан не се доаѓа во вакво издание“, „Немало полошо стилизирана жена на настанот од неа“, „Кога имате многу пари, но не и чувство за мода“, гласат дел од коментарите на социјалните мрежи.





