Кога антителата се немоќни, тука се „убиствените Т-клетки“: Научниците ја открија клучната компонента за која велат дека штити и од најопасните соеви на ковид-19

Додека антителата со текот на времето ослабнуваат и не можат да се борат со мутираните варијанти на коронавирусот, Т-клетките се покажале и тоа како влијателни.

Клучната компонента на имуниот систем позната како Т-клетки успешно се бори и против најзаразните варијанти на ковид-19 и зголемениот ризик од реинфекција, се вели во студијата на американските научници.

Реклама

Но, антителата кои што го блокираат коронавирусот да влезе во телото на човекот е само еден дел од приказната, се вели во студијата која што ја спровеле научници од Националниот институт за алергии и заразни болести (NIAID) и кои што истата ја објавиле во средата, пренесува „Ројтерс“.

Вториот дел од приказната го прават лимфоцити Т кои што уште се нарекуваат и „убиствени Т-клетки“ поради тоа што тие ги отстрануваат заразените клетки и така заедно со антителата „му се закануваат“ на потешкиот облик на болеста.

Научниците анализирале крв од 30 луѓе кои што закрепнале од ковид-19 уште пред да се појават новите позаразни варијанти на вирусот.

Од примероците идентификувале специфичен облик на Т-клетки (лимфоцит Т CD8 кое е техничко име) кои што се активни против вирусот, пренесува агенцијата „France presse“.

Потоа проучувале дали Т-клетките ќе бидат способни да препознаат три главни заразни варијанти на ковид-19, а тоа се британскиот, јужноафриканскиот и бразилскиот, па тоа успешно го направиле.

Трите најзаразни варијанти на ковид-19 се покажале како опасни за антителата кои што потешко ги препознаваат.

Научниците потврдиле дека одговорите на Т-клетките се позитивни и дека тие можат да ги препознаат сите мутации во досега проучените варијанти на вирусот, што не е случај со антителата.

„Нашите податоци, но и резултати покажуваат дека Т-клетките во одговорот на ковид-19 можат целосно да ги препознаат главните нови варијанти на вирусот, британскиот, јужноафриканскиот и бразилскиот сој“, изјавил Ендру Ред од „NIAID“ од Универзитетот за медицина „Џонс Хопкинс“ каде што се водело истражувањето.

Оваа студија дополнува некои претходни и сугерира дека заштитата со Т-клетките е загарантирана и при други варијанти на коронавирусот.

Но, научниците од „NIAID“ сметаат дека се потребни и нови студии кои би го потврдиле ова нивно откритие.

Реклама