Сестрите Кардашијан привлекоа најголемо внимание на доделувањето на „CFDA Fashion“ наградите во Њујорк.
Доделувањето на „CFDA Fashion“ наградите во Њујорк собра голем број од славните личности на едно место.
Здружувањето на американските дизајнери на оваа церемонија се случува од 1981 година и секојпат се чека истото – модните комбинации на познатите ѕвезди и „скенирање“ на секој детаљ од нив. Годинава во фокус бил провокативниот стил на чело со сестрите Кардашијан.

Очекувано, Клои и Ким привлекле најмногу внимание. Во морето елегантни изданија, сестрите се појавиле во необични стајлинзи – Клои во претесен фустан којшто покривал половина од нејзините гради, а Ким Кардашијан во „целофан“ којшто само нејзе може добро да ѝ стои.
Додека позирале пред фотографите, многумина забележале дека Клои располага со подобар задник по којшто инаку е позната нејзината сестра Ким.
Па така на социјалните мрежи можеле да се прочитаат коментари дека Клои која направила неверојатна трансформација со слабеењето, полека но сигурно ќе ѝ ја преземе титулата на својата сестра.

Исто така странските медиуми наведуваат дека сестрите не носеле долна облека, но тоа не е ништо невообичаено за нив.
Познато е дека тие секогаш се подготвени на сè, а тоа го докажала Ким претходно годинава кога одвај се вовлекла во фустанот на Мерилин Монро.
На овој настан Ким се нашла во близина на поранешната девојка на својот поранешен партнер Канје Вест. Џулија Фокс не ги воодушевила модните критичари, па слободно може да се каже дека Ким повторно била главната ѕвезда на овој настан.


