Во биографијата на Владимир Путин стои дека во брак бил единствено со Људмила Путин од 1983-та до 2013-та година. Во тој брак парот добил две ќерки, Катарина и Марија.
Марија е родена во Ленинград во 1985-та година, а Екатерина или Катарина е родена во Германија во 1986-та година, кога семејството живеело таму за време на ангажманот на Путин во КГБ. И двете девојки ги добиле имињата по нивните баби. Прекарот на Марија е Маша, а на Катарина Катја.
Кога семејството се преселило во Москва во 1996-та година, девојките посетувале училиште на германски јазик. Тие, наводно, биле избркани од училиште кога Путин станал в.д. претседател, а наставници ги школувале дома.
Инаку, Марија студирала биологија на универзитет и посетувала медицинско училиште во Москва, додека Катерина дипломирала азиски студии на колеџ. И двете учеле на колеџ под лажен идентитет.

Марија има 36 години и работи како медицински истражувач во Москва и живее со нејзиниот сопруг Јорит Фасен. Марија и Јорит наводно имаат едно дете.

Од друга страна, Катарина живее во луксуз и се стекнува со богатство. Таа денес има 35 години и е искусна акробатска танчерка, но има и висока позиција на Московскиот државен универзитет, водејќи компанија вредна 1,7 милијарди долари.

Таа се венчала со рускиот милијардер Кирил Шамалов во 2013-та година. Сепак, парот се развел во 2018-та година. Разводната парница открила дека заедничкиот имот вредел дури две милијарди американски долари.

Се верува дека Путин има трета ќерка, но и синови близнаци со неговата поранешна девојка, руската ритмичка гимнастичарка Алина Кабаева. Откако престанала да се занимава со гимнастика, Алина станала пратеник во партијата на Путин, Единствена Русија.
Во 2013-та година, рускиот опозициски лидер Алексеј Навални тврдел дека Путин и Алина биле во брак. На Зимските олимписки игри 2014-та во Сочи, тие биле видени како носат бурми. Путин редовно ја негирал нивната врска.
Поранешната гимнастичарка, наводно, ја родила нивната ќерка во Швајцарија во 2015-та година, а во 2019-та година, според гласините во Москва, родила синови близнаци, но тоа никогаш не е потврдено. Единствено што се знае е дека рускиот претседател има двајца внуци кои се родени во 2012-та и 2017-та година.
„Имам приватен живот во кој не дозволувам мешање. Тоа мора да се почитува“, изјави еднаш Путин.
Тој добил ќерка и со поранешната чистачка
На крајот на ноември 2020-та година, во медиумите се појавила вест дека Путин наводно имал ќерка со поранешната чистачка. Елизабет Кривоногих или Луиза Розова е родена во 2003-та година за време на првиот мандат на Путин во Кремљ, додека тој сè уште бил во брак.
Нејзината мајка е Светлана Кривоногих, некогашна чистачка, а сега милионерка која поседува бројни луксузни имоти во Москва, Санкт Петербург и Сочи.
Фотографии од оваа тинејџерка кружат низ светските медиуми и на социјалните мрежи, а се коментира дека многу личи на рускиот претседател.
View this post on Instagram