Ќерките на Сталоне привлекуваат внимание каде и да се појават, а покрај нив тој е во „сенка“

Силвестер Сталоне не крие колку се гордее со своите ќерки, Систин, Софија и Скарлет кој ги доби од бракот со сопругата Џенифер.

Ќерките на легендарниот актер Силвестер Сталоне се вистинска атракција каде ѝ да се појават, па успешно го засенуваат и својот татко.

Реклама

Тоа особено им оди од рака на плажа каде освојуваат во минијатурните бикини каде ги покажуваат своите беспрекорни тела, а со истите сакаат да се пофалат и на социјалните мрежи.

Нивните обожаватели заклучиле дека убавината ја наследиле од мајката Џенифер Сталоне, манекенката во пензија со која актерот е во брак од 1997 година.

За разлика од него, сопругата и ќерките не се опседнати со естетски зафати, а тој со истите започнал пред 10-на години, но веќе на прв поглед е јасно дека претерал.

Инаку, Систин одлучила да тргне по стапките на својот татко, па на филмското платно дебитирала во 2019 година.

Софија студирала комуникации на Универзитетот во Јужна Калифорнија, а отворено проговорила и за операцијата на срцето која ја направила во 2012 година поради вродена маана.

Поради тоа таа се посветила на здрав начин на живот и прехрана, па животот едноставно ѝ станал полесен.

Скарлет е најмладата од сестрите и миленичка во семејството, а активно се занимава со атлетика, па Силвестер често се фали со нејзините успеси.

Инаку, семејството Сталоне пред две години уживало на крајбрежјето на Дубровник, Хвар и Вис, а убавината на Хрватска ја споделувале на социјалните мрежи.

 

Реклама