Дева Касел, ќерката а поранешниот актерски пар, Винсент Касел и Моника Белучи, е новата млада надеж на модната индустрија.
Со оглед дека и тоа како наликува на мајка си, која е една од најубавите жени во светот, нема сомнеж дека ќе се оствари на тоа поле.

Родена е во 2004-та година и од детството знаела дека сака да оди по стапките на својата мајка. Пораснала далеку од очите на јавноста, а пред две години станала заштитно лице на парфемот „Shine“, на луксузниот бренд „Dolce & Gabbana“.

Минатата година ја красела насловната страна на француското издание на магазинот „Elle“. Иако сè уште не се појавува толку често пред фото објективите, на крајот на ова лето ја носела модната ревија на „Alta Moda“ во Венеција.

Позирала со Моника за „Vogue Italia“. Ги фотографирал Паоло Роверси, кој бил воодушевен од убавината и елеганцијата на оваа млада дама. Тогаш рекол дека може да стои ‘рамо до рамо’ со манекенките како што се Наталиа Водианова и Кејт Мос.





