Лурдес Леон често се носи со негативните реакции поради својот избор во животот и стилот, но овие коментари ги надминале и најнепријатните.
Ким Кардашијан отворила нова продавница за костими за капење од нејзиниот бренд SKIMS, во Мајами, и по тој повод собрала голем број славни личности.
View this post on Instagram
Меѓу оние кои присуствувале на отворањето и забавата во организација на најпознатата ријалити ѕвезда се нашла токму Лурдес, ќерката на Мадона.
25-годишната убавица, која веќе некое време се занимава со моделинг и соработува со најценетите модни куќи, била одлично расположена и постојано зборувала со Ким и одлично си поминала, но тешко дека била толку насмеана кога ги прочитала коментарите на социјалните мрежи за тоа како изгледала.
Лурдес за оваа прилика избрала многу провокативен стајлинг – плитко виолетово мини-здолниште со метален сјај што е навлечено настрана и краток розов корсет без прерамки кој го открива стомакот. Го комбинирала со светкави розови папучи со потпетици, а шминката ѝ била во црвени тонови.
„Буквално изгледа како улична проститутка“, „Не претерувам кога велам дека можела да продолжи под мост“, „Секоја чест за неа, се облекува попросто и од нејзината мајка“, „Ако твојот аутфит прави Ким Кардашијан да изгледа облечено со вкус, жал ми е, девојко, но каде грешиш?!“, „Ова е синоним за невкус и простаклук“, „Баш шокантно што ќерката на Мадона нема никакво ниво“, се дел од реакциите на читателите на Дејли мејл.