Ќерката на супермоделот Хајди Клум (48), Лени (17), се фотографирала за магазинот Rollacoaster.
На фотографиите таа само со раката го покрива деколтето, а тоа предизвика многу коментари во јавноста поради тоа што девојчето е малолетно.
Таа фотографијата од снимањето ја објавила на својот Инстаграм профил на кој веќе има милион следбеници, а фотографијата набрзо добила над шест илјади коментари, главно критички.
View this post on Instagram
„Дали ова воопшто е легално? Таа има само 17 години“, напишала некоја жена под фотографијата.
„Па, ова е илегално“, додала друга. „Девојко, зар не си малолетна? Кој ти дозволува да правиш вакви работи? Каде е мајка ти?“, ја прашувале фановите.
Инаку, многумина со чудење го дочекале неодамнешното појавување на Лени Клум на модната сцена.
Таа ја нема приближно потребната висина која е поставена како стандард за работа како манекенка и многумина се согласни дека никогаш не би стигнала таму каде што е доколку зад неа не стои нејзината мајка Хајди.
View this post on Instagram