Ќе се опростува нелегално стекнатиот имот!?

Владата измислува нови даноци и давачки на граѓаните како можен нов начин за полнење на државната каса во време кога приходите во централниот буџет се собираат со големи потешкотии. Воведување на повисок данок на имот во кој не живеат граѓаните веќе е тема која на големо се разработува во Владата. Но се подготвува и Закон за легализација на безправно стекнатиот имот. Јавноста и експертите со различни реакции по ваквите најави.

Во потрагата по средства премиерот Зоран Заев неодамна најави дека планира да воведе легализирање на сомнително стекнатиот имот, на кој начин не откри а не кажуваат ниту од Владата. Засега е рано велат, да се откриваат детали на оваа тема. Денар побара став од активистот за социјална правда Здравко Савески како тој гледа на оваа идеа на Заев и дали на тој начин државата ќе има бенефит. Тој вели со самата најава на вакво нешто тоа не е само спротивно на принципот на владеење на правото туку е и признание на власта дека се соочува со сериозна економска криза и сега посегнува по една ваква мерка.

Google search engine

„Легализирањето на нелегално стекнатиот имот е признание од власта дека во Македонија нема владеење на правото и дека едни правила важат за сите граѓани, а други правила важат за богатите поединци. И на тие лица преку дупки во законите и на превидувања на примената на законот им се овозможува да стекнуваат невидено богатство. Она што треба да го направи владата е одкако го призна фактот самата дека постојат нелагални стекнати средства и тоа во голем износ, е тие средства бидејќи се нелегално стекнати не да ги легализира туку согласно важечките законски прописи да ги одземе. На тој начин ќе се спроведе принципот на владеење на правото во Македонија и во буџетот ќе се слеат далеку поголеми средства од колку што предвидуваат со оваа мерка“, изјави Здравко Савески.

А ова е и одлична прилика на оваа влада да го исполни своето предизборно ветување, дека ќе конфискува се што ќе се докаже дека е стекнато на нелегален и криминален начин, додава Савески, а со тоа вели  и конечно ќе сврти и бројчаникот кој е наместен на Триумфалната порта во центарот на Скопје.

Што се однесува до најавата за воведување на трипати повисок данок на имот кој не се користи Свески смета де тоа до некаде е и добра замисла, но сепак смета дека нема во целост да се покаже како добра мерка која ќе даде резултат. Според него во оваа пандемија се случува голема прераспределба на богатството во рацете на богатите па затоа тврди дека и ефектот би бил мал. Савески е на став дека мерката може да се оцени како добра но повеќе ја гледа како политичка реклама дека нешто се прави во врска со огромниот буџетки дефицит кој во овој момент го трпи земјава.

„Ова не треба да биде само проформа и да кажат сега демек еве нешто сега земаме и од богатите. Ако веќе воведуваат прогресивен данок на имот, зошто не го вратат назад прогресивниот данок на доход, особено да воведат не само двостепен кој ќе биде проформа на прогресивен данок на доход туку тоа да биде сериозен данок на доход. Зошто не воведат данок на луксуз, односно да воведат нова даночна стапка на ДДВ која ќе важи за луксузните стоки. Тоа ќе донесе далеку повеќе буџетски средства од оваа мерка.“

Од Заедницата на единиците на локалната самоуправа побаравме информација колку станови, куќи или деловен простор е неискористен и на сопствениците на таков вид на недвижност во иднина им се заканува нова повисока давачка. Но од ЗЕЛС кратко ни соопштија дека како институција не водат таква евиденција и не располагаат со такви податоци. Инаку според најавите од Илинденска бр. 2,  измените на Законот за данок на имот треба да стапат од почетокот на 2022 година. Првичните најави се дека во нив ќе стои, во стан во кој никој не живее во него сопственикот годишно ќе треба да плати три пати повеќе данок од оној во кој живее. А во случај физичко или правно лице да се обиде да не пријави дека одреден недвижен имот не го користи ќе плати данок кој е за пет пати повисок од веќе пропишаниот.

Најавата дека ќе се носат вакви избрзани закони е само потврда дека во буџетот има огромна дупка, податок кој добро сите го знаеме. вели Савески. Според него, Владата се труди со ситни мерки да прибере нешто плус буџетски средства, но на земјава и е потребна вистинска здрава економска политика која ќе оди малку похрабро во однос на мерките.

- АУДИО РЕКЛАМА -