Ќе ја третираат короната како обичен вирус и грип. Оваа држава по силни рестрикции одлучи да се врати во нормален живот

Сингапур би можел да стане првата држава која престанала да ги брои дневни случаи на инфекција со коронавирус, со план што побрзо да го врати нормалното функционирање на животот со лекување на вирусот како грип.

Оваа град-држава во Југоисточна Азија со 5,7 милиони жители забележала само 36 смртни случаи од почетокот на пандемијата, а 62,617 заразени, благодарение на драконските ограничувања.

Google search engine

Сега властите сакаат да ги отфрлат мерките како што се дневно броење на заразени и мртви од ковид. Тројца водечки членови на сингапурскиот тим за борба против ковидот го презентираа планот за ставање крај на рестрикциите во траење од 18 месеци, како би се обновиле патувањата без карантин и јавни собири, пишува Сан.

Сингапур се надева дека ќе им овозможи на своите жители да го продолжат својот живот со укинување на острите мерки и контролирање на вирусот со други средства, како масовна вакцинација и подобри третмани.

Наместо да го следиме бројот на лица заразени со ковид секој ден, ќе се фокусираме на последиците – истакнаа министерот за трговија, финансии и здравство во заедничката статија во Straight Times.

Колку се сериозно болни, колку се на интензивна нега, колку од нив имаат потреба од апарати за кислород и така натаму. Така го следиме грипот, рекоа тие.

Не можеме да ја искорениме, но можеме да ја претвориме пандемијата во нешто помалку опасно, како што се грип, болести на рацете, стапалата и устата или сипаници и да продолжиме со животот, заклучија министрите.

Сингапурските власти планираат да вакцинираат најмалку две третини од населението со првата доза, на почетокот на јули, а истата количина ќе ја имунизираат на почетокот на август.

Раните докази сугерираат дека можеме да го скротиме ковидот со вакцинација. Вакцините се многу ефикасни во намалувањето на ризикот од инфекција, како и пренесувањето. Дури и ако сте заразени, вакцините ќе спречат потешки симптоми на ковид. Лошата вест е дека ковидот можеби никогаш нема да замине, а добрата вест е дека е можно да се живее нормално со него меѓу нас, наведоа министрите во статијата.