Нешто пред 14 часот во полиција стигнала анонимна дојава за бомби на неколку локации во Белград.
Продолжува сѐ посилниот притисок врз Србија. Анонимни извештаи за бомби беа испратени на неколку локации во Белград, а беа придружени со директна смртна закана до претседателот Александар Вучиќ, пишува Србија Данас.
Според информациите, анонимната пријава за бомбите на повеќе локации во Белград стигнала во полиција нешто пред 14 часот.
Во електронската пошта се наведува дека експлозивот бил поставен на следните локации: Белградска тврдина, музеј Никола Тесла, Трговски центар Голема Раковица, Бранковиот мост, мостот Ада, мостот Газела, Музејот на Југославија, Железничката станица Нов Белград, Железничката станица Дунав, Руската Амбасада, Белоруската амбасада, Белградската Зоолошка градина.
Според информации, полицијата е на терен и во тек е евакуација на локациите наведени во мејлот.