Кинезите развија супер брз, многу ефтин и точен тест за антитела на КОВИД-19

Едноставен тест од пет минути може точно да утврди дали веќе сте прележале од КОВИД-19 или дали имате имунолошка заштита обезбедена од вакцината, а за тестирање е потребен само примерок од крв или плунка, во кој потоа може да се открие присутност на антитела.

Кога некој е заразен со новиот коронавирус или ако е вакциниран против него, нивниот имунолошки систем произведува антитела кои се борат против вирусот. Овие антитела продолжуваат да се произведуваат во телото најмалку уште шест месеци, така што тие можат да се користат за откривање на претходни инфекции или реакции на вакцината.

Тестови за антитела на коронавирус веќе постојат, но тие се скапи, комплицирани или едноставно неточни.

Тим кинески научници од Политехничкиот универзитет во Хонг Конг, предводен од Фенг Јан, успеа да развие исклучително ефтин и погоден тест за антитела против новиот коронавирус користејќи електрохемиски транзистори.

Овие транзистори ги претвораат биолошките сигнали во електрични сигнали и стануваат сеr попопуларни во откривањето на биолошките молекули како што се протеините и гликозата.

Капка крв или плунка се става на еден од овие транзистори, направен од злато и вграден во мала пластична лента. Бидејќи антителата против коронавирус се врзуваат за овој транзистор, тој произведува електрични сигнали кои се читаат од лесно пренослив мерач поврзан преку bluetooth конекција со мобилен телефон. Целиот процес трае помалку од пет минути.

Опишаниот тест се покажа како многу точен во мерењето на нивото на антитела кога се користи на примероци од крв и плунка кои биле контаминирани со различни нивоа на антитела во лабораторија, вклучувајќи и многу ниско ниво на контаминација.

Јан и неговите колеги сега планираат да спроведат клинички испитувања за да потврдат дека тестот работи и во реални услови. Доколку клиничките испитувања го покажат истиот успех, Јан и неговиот тим ќе бараат одобрување да го продаваат тој тест, а цената на една од гореспоменатите ленти со транзистор ќе чинат помалку од еден долар.

На крајот на краиштата, исто како и другите тестови за антитела против новиот коронавирус, овој тест може да се покаже многу корисен во одредувањето на нивото на имунитет на новиот коронавирус кај поединци, без разлика дали станува збор за природно стекнат имунитет или имунитет стекнат со вакцинација. Истиот тест може да фрли повеќе светлина за тоа колку долго почнува да исчезнува ефектот на вакцината, односно кога е време за нова доза на вакцина, посочува Јан.

Сепак, овој тест не може да се користи за откривање одма на самата нова инфекција од коронавирус, бидејќи обично се потребни недела до две за телото да произведе значителна количина на антитела кои потоа можат да се откријат со овој тест.