Кон средината на 2021 година, Кина ја реализирала историската мисија поради тоа што безбедно го спуштила роверот Zhurong на површината на Марс.
Истовремено, околу Црвената планета кружи и нивниот орбитер којшто испраќа фотографии со висока резолуција.
Државните медиуми соопштиле дека леталото направило повеќе од 1.300 кругови околу Марс и дека така ја снимил цела планета, вклучувајќи го и Јужниот пол.
Скриено езеро
Мисијата „Tianwen-1“ претставува една од последните успешни кинески вселенски програми, во кои се вложени милијарди долари.

Меѓу бројните фотографии се наоѓа и приказ на Јужниот пол каде се лоцирани големи залихи вода, пренесува „Ројтерс“.
Во текот на 2018 година орбиталната сонда на Европската вселенска агенција открила езеро на околу еден километар и половина под ледените карпи на Марс.
Трагови на живот
Научниците веќе со децении трагаат по вода на планетите во Сончевиот систем и надвор од него, затоа што тоа е предуслов за постоење на живот.
Откритието на вода би било и поттикнувач за идните човекови мисии на Црвената планета, кои вклучуваат долготраен престој.
Покрај Јужниот пол, кинескиот ровер го снимил и кањонот Valles Marineris, долг 4.000 километри, како и кратер на северната висорамнина Arabia Terra.
На Земјата пристигнале снимки од кратерот Maunder и вулканот Ascraeus Mons висок дури 18 километри.