Кинески логори за перење мозок. Луѓето живеат во страв

Кина е одговорна за кршење на човековите права во покраината на северозапад на земјата, каде што живеат Ујгурите и другите муслимански малцинства, соопшти организацијата за човекови права Амнести Интернешнл. Кина е обвинета за создавање „дистописки пекол“ во Ксинџијанг, рече Агнес Каламард, генералниот секретар на Амнести Интернешнл.

Фактот дека огромен број луѓе биле подложени на перење мозок, тортура и друг понижувачки третман во логорите за притвор, додека милиони други живеат во страв од големиот апарат за надзор, треба да ја шокира совеста на човештвото“, рече Каламард. Таа го обвини генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, за „неуспехот да се дејствува во согласност со неговата функција“.

Google search engine

Активисти и експерти на ООН велат дека најмалку еден милион муслимани се приведени во логорите во далечниот регион на западна Кина. Пекинг ги отфрла обвинувањата и тврди во логорите се спроведува занаетчиска обука и дека тие се неопходни во борбата против екстремизмот.

Министерот за надворешни работи Ванг Ји на Советот за човекови права на ООН оваа година изјави дека тоа се законски мерки за борба против тероризмот и дека Ксинџијанг ужива „социјална стабилност и силен развој“, откако веќе четири години „нема никакви терористички случаи“.

„Во Ксинџијанг има 24.000 џамии и припадниците на сите етнички групи имаат работнички права“, рече Ванг Ји.

Истрагата на ABC News го идентификува и документира проширувањето на 28 кампови кои се дел од програмата за искоренување на муслиманите во кинескиот регион Ксинџијанг.

Пекинг, кој смета дека регионот е жариште на тероризам, ги зголеми локалните безбедносни сили, ги прошири мрежите на полициски станици и контролните пунктови и воведе широка мрежа на електронски надзор. Според сведоците и групите за човекови права, околу два милиони Ујгури и други муслимани биле приведени во тие логори, каде биле принудени да поминат патриотска обука и дерадикализација.

Кина првично го негираше постоењето на кампитет. Но, под интензивна меѓународна контрола пред ревизијата на ООН за човекови права, кинеските власти го сменија ставот. Така, Пекинг започна пропагандна кампања во која се прикажани камповите како хумани центри за обука за работа. Но, зголемениот број на сведочења на жртвите, сведоците и сега достапноста на сателитски снимки со висока резолуција, откриваат брза експанзија на мрежата на кампови за превоспитување, што треба да стане трајна одлика на животот во Ксинџијанг.

Проценките за бројот на вакви кампови / логори се движат помеѓу 180 и повеќе од 1.200. Покрај тоа, извештајот кој минатата година го објави Центарот за глобална политика, повикувајќи се на документи на кинеската влада, открива дека во 2018 година, во три провинции во кои Ујгурите се мнозинско население, најмалку 570 000 жители се пратени да берат памук според државниот систем на присилна работа. Сепак, истражувачите проценуваат дека вкупниот број принудени работници при берење памук може да е поголем за неколку стотици илјади луѓе.

Новото истражување покажува дека демографската политика за контрола на раѓањето во Кина може да го намали населението на Ујгурите и другите национални малцинства во провинцијата Ксинџијанг за една третина во следните 20 години, пишува Би-Би-Си. Анализата се заснова на податоци според кои во тоа време бројот на новородени Ујгури може да се намали од 2,6 до дури 4,5 милиони.

Официјалните податоци покажуваат дека меѓу припадниците на малцинствата од 2017 година до 2019 година имало скоро 49 проценти помалку раѓања во споредба со претходните периоди. Кина ја објави својата „политика за три деца“ откако податоците покажаа дека се соочува со демографски пад. Но, од Ксинџијанг пристигнуваат извештаи дека жените таму продолжуваат да бидат прогонувани и затворани за да не раѓаат, а на бремените жени им се закануваат ако одбијат да абортираат, пренесува Би-Би-Си.

Кинеските власти во покраината воведоа строги правила по примерот на Тибет, забранувајќи носење бурки и патувајќи кон муслиманските светилишта. Во 2016 година, кинеските власти побараа од Ујгурите да им ги предадат своите пасоши на локалните власти и ги принудија повторно да аплицираат за нивно враќање. Исто така, на државните службеници со ујгурско потекло, кои според некои проценки бројат скоро еден милион, им беше забрането да учествуваат во верски церемонии под закана за отпуштање.

Кинеските власти го оправдаа ова со фактот дека покраината се наоѓа во близина на Авганистан и Пакистан и стравуваат дека Ксинџијанг може да стане плодна почва за појава и транзит на терористички групи.